-0.2 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Фудбалер направи трансфер, премногу испи, па искрши четири коли

Украинскиот фудбалер Дмитро Кравченко, кој неодамна потпиша за Металист Харков, предизвика сообраќајна несреќа во која тој го искрши својот и уште три автомобили. За среќа, нема потешко повредени лица во инцидентот.

Кога дошла полицијата на местото на настанот, утврдено било дека Кравченко има дури 1,85 промили алкохол во крвта, што е за деветпати повеќе од дозволеното во Украина. Кравченко има 25 години, а по седум години во Ворскла, во последниот преоден рок се пресели во Металист, за кого досега има шест настапи и еден гол.

- Оглас -

Најнови вести