Фудбалер од егзотична земја уапсен на аеродром во Париз во обид да прошверуца 100 килограми хероин

Фудбалерот од Мартиник, Жан-Мануел Недра и неговата партнерка се уапсени на парискиот аеродром Шарл де Гол, бидејќи се обиделе да прошверцуваат 109 килограми хероин.

Според француските медиуми, Недра кој настапува во локалната лига во Мартиник, и тоа за клубот Еглон ди Ламентен, и партнерката, дрогата ја сокриле во своите куфери. Тие биле сослушани пред истражен судија кој на фудбалерот му одредил мерка притвор, додека партнерката е пуштена на слобода, но се наоѓа под постојан надзор на полицијата.

„Не знаеме колку е вмешан во ова, но дознавме дека еден од нашите фудбалери е уапсен на аеродромот Шарл де Гол. Ајде да биде посилни од било кога и обединети и да продолжиме да работиме на едукација преку спортот, да се бориме против ова зло, и да ги штитите и учиме младите за ризиците и последиците“, соопшти клубот Енглон ди Ламентен.

Репрезентацијата на Мартиник може да игра во Конкакаф Лигата на нации и Златниот куп, но не и во квалификациите за Светско првенство. Иако овој остров се наоѓа на Карибите, тој е под француска јурисдикција и фудбалерите имаат право да играат за Триколорите доколку сакаат.

Најпознати фудбалери кои го носеле дресот на Франција, а имаат потекло од Мартиник се Тиери Анри, Ерик Абидал, Лоик Реми, Рафаел Варан и Силван Вилтор.

- Оглас -

Најнови вести