Фудбалерите на Милвол вечерва нема да клекнат пред натпревар

Фудбалерите на лондонски Милвол вечерва пред натпреварот од англискиот Чемпионшип против Квинс Парк ренџерс, нема да клекнат во знак на поддршка на борбата против расизмот, но не потпаднаа под притисокот на своите екстремни фанови, туку избраа нов начин на оддаваање чест на жрвите на расизмот.

Милвол и КПР вечерва ќе стојат мирно и така ќе ја искажат солидарноста во борбата на фудбалот против дискриминацијата. Овој гест доаѓа откако во саботата попладне, навивачите на Милвол кои се десничари и имаат мото „Никој не нè сака, но баш ни е гајле“, со гласни повици на негодување и свирежи го испратија клечењето на играчите пред мечот со Дерби каунти.

Екипата на Милвол ќе носи анти-расистичко знаме. а наместо логото на спонзорот, на предната страна од дресовите ќе го носат логото на кампањата „Kick it Out“ (Исфрлете ја!, а се мисли на исфрлање на дискриминацијата во фудбалот).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести