Фудбалерите на Реал за влакно избегнале трагедија!

Реал Мадрид како актуелен шампион вечерва ја започнува новата сезона во Примера дивисион. Кралскиот клуб гостува кај Реал Сосиедад на стадионот „Аноета“. Мадридскиот гигант реши да отпатува утрово и веднаш по мечот да се врати.

Сепак, не било се според планот. Непосредно пред да полетаат со авионот кон Сан Себастијан, механичарите откриле дефект на хидрауликата, па летот бил одложен. Освен што мораа да го сменат авионот, експедицијата на Реал морала да ја промени и рутата.

Летот бил од Мадрид до Виторија, а потоа со автобус продолжиле кон Сан Себастијан, па патот од околу 500 километри траел три и пол часа подолго од предвиденото, но барем стигнале здрави и избегнале потенцијала авионска трагедија.

 

- Оглас -

Најнови вести