Фудбалерите во Бразил со маски на лицето апелираат: Прекинете го првенството

Фудбалерите на бразилскиот Гремио, на дуелот против Сао Луис на теренот се појавија со маски на лицето, сакајќи да посочат дека е време да се сопре фудбалот и во оваа земја. Игралите на Гремио протестираат затоа што во Бразил нема никакви мерки за заштита од Коронавирусот, иако веќе неколку дена поминаа откако е прогласена пандемија поради овој опасен вирус.

Играчите на Гремио стоеја со маските на лицето, но пред да започне дуелот, решија да ги тргнат и го одиграа мечот. По првото полувреме гостите водеа со 2:1, а на крајот Гремио сепак успеа да направи пресврт и стигна до победа од 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести