Фудбалерот славеше кога удри во надвозникот и падна на улица (Видео)

Турскиот тим Кочаелиспор синоќа имаше причини за радост, откако со 4:0 победи против Сакаријаспор, во финалето од плејофот за влез во втората турска лига. Кочаелиспор се избори од следната сезона да игра во еден ранг погоре, а веднаш по победата, фудбалерите и навивачите на овој тим започнаа славје.

Фудбалерите се сместија во отворен автобус, кој возеше низ улиците на градот, а навивачите ги поздравуваа. Во целото ова славје, малку фалеше да се случи трагедија. Додека автобусот поминуваше под еден надвозник што беше малку повисок од висината на автобусот, еден играч се удри во надвозникот и се преврте од автобусот.

https://twitter.com/i/status/1398427063598694400

Играчот падна од автобусот во движење од вториот спрат, но за среќа немаше посериозни повреди и веднаш стана. На една од снимките се гледа како сите кои беа качени во автобусот, се наведнуваат кога автобусот поминува под надвозникот. Несреќниот фудбалер лежел на подигнатиот дел од автобусот, па еден дел од конструкцијата го зафати и го турна на улица.

Кочаелиспор е тим кој последен пат играше во првата турска ига во 2009 година, а најголемите успеси ги оствари со освојувањето на турскиот куп во 1997 и 2002 година.

 

- Оглас -

Најнови вести