Фудбалот со историска промена: Девојка доби дозвола да заигра за машки тим

Во новата сезона во Холандија ќе се случи еден историски момент во фудбалот. Фудбалската федерација на оваа земја даде зелено светло за старт на проектот според кој, на жените ќе им се дозволи да играат фудбал во машки клубови.

Елен Фокема која има 19 години, треба да влезе во историјата како прва девојка која ќе заигра за машки клуб. Таа го засили четвртолигашот ВВ Форут. Доколку овој проект се покаже како успешен, веднаш се планира уште неколку други фудбалерки да бидат префрлени во машките клубови во Холандија.

„Нашата фудбалска федерација е пример за разноликост, но и за еднаквост. Веруваме дека на сите може да им биде местото во фудбалот. Овој пример е убав спортски предизвик, кој не сакаме да го блокираме. Затоа се одлучивме на овој експеримент. Искуството од овој пример ќе ни покаже дали може да се донесе ново правило, а тоа е жените да може рамноправно да играат со мажите“, стои во соопштението на холандската фудбалска федерација.

Младата фудбалерка вели дека е пресреќна што таа е избрана да биде дел од овој интересен експеримент во фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести