Фудбалска Македонија и во историската година завршува зад Исланд и Романија на листата на ФИФА

За фудбалската репрезентација на Македонија, оваа 2021 година е историска. Нашата селекција за првпат настапи на едно големо натпреварување, летово беше дел од Европското првенство.

Освен Европското првенство, Македонија сега има шанси да се бори за пласман на Светското првенство во Катар затоа што и за првпат во мундијалските квалификации заврши на второто место во групата, веднаш зад Германија, и се избори за место во баражот за планетарниот собир.

На последното рангирање на ФИФА, Македонија остана на 67-мото место во светски рамки со 1367,23 поени. Веднаш над нас се Албанија и Словенија, а интересно е дека пред нас се и селекциите на: Исланд (62 мести), кого лесно го победивме во квалификациите за СП, но и земји како ДР Конго (64), Панама (63), Јамајка (57), додека Романија, која заврши зад Македонија во групата за СП, е на 44-тото место на ранг-листата на ФИФА.

Белгија и четврта година по ред завршува на првото место на листата на ФИФА со 1828,45 поени, пред Бразил со 1826,35 поени и Франција со 1786,15 поени. Во Топ 10 се и селекциите на Англија со 1755,52 поени, Аргентина (1750,51), Италија (1740,77), Шпанија (1704,75), Португалија (1660,25), Данска (1654,54) и Холандија (1653,73 поени).

- Оглас -

Најнови вести