Фудбалски бој на Косово, во Приштина се тепаа „Интелектуалци“ и „Соколи“ од Гњилане (Видео)

Локалното дерби меѓу Дрита и Гњилане се играше денеска во Приштина, наместо во градот од којшто се двете екипи, и мина со сериозни инциденти.

По завршувањето на првото полувреме, двете навивачки групи се степаа меѓу себе, а интересно е што имаат колоритни имиња, Интелектуалци, кои ја подржуваат Дрита, и Соколи, кои се симпатизери на Гњилане.

Мечот беше прекинат и на играчите на двете екипи не им беше дозволено да се вратат на теренот извесен период, но потоа продолжи дуелот со второто полувреме.

Дрита, чиј тренер е поранешниот македонски ас Ардијан Нухиу, го загуби дербито со 0:2.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести