Фудбалски убавини: Пет прекрасни погодоци на „Театарот од соништата“ (видео)

Избраниците на Оле Гунар Солскјер се изборија за триумф од 3-2 над Саутхемптон иако беа во негатива од еден гол по првите 45 минути. Лукаку го предводеше домашниот тим до пресвртот постигнувајќи два клучни гола и го задржа Јунајтед во трката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Не залудно се вика „Театар од соништата“, сите пет погодоци беа вистински ремек дела на денешната средба.

Валери со првенецот на „светците“ во 25-тата минута ги изненади притусните на „Олд трафорд“, потоа Переира со погодок од далечина израмни за домаќините. Двата гола на Лукаку исто така беа доста добри, особено вториот, а Ворд – Проус покажа дека е специјалист за слободни удари.

https://www.youtube.com/watch?v=NICAPyCRb-8

 

https://www.dailymotion.com/video/x73es7j

 

https://www.dailymotion.com/video/x73ervp

 

https://www.dailymotion.com/video/x73eszg

 

https://www.youtube.com/watch?v=X7Mzpx7ebYs

 

- Оглас -

Најнови вести