Фудбалскиот потег на викендов доаѓа од Црна Гора (Видео)

Фудбалерите на Будуќност ја потврдија доминацијата во црногорската лига откако викендов со 2-0 ја совладаа Сутјеска во дербито, а вториот погодок, во 87-мата минута, кој го постогна Милош Раичковиќ, беше ремек-дело.

Будуќност има 18 бода предност, си ја обезбеди титулата, па неговите играчи можеа да си дозволат и егзибиции, а на Раичковиќ му дојде од нога намерата која ја имаше замислено и даде гол од половина терен. Голманот на Сутјеска беше недозволиво опуштен во оваа ситуација, Раичковиќ го забележа тоа и го казни со најубавиот гол викендов во Црна Гора, веројатно и во Европа.

Интересно е што ова не е прв гол сезонава кој Сутјеска го прима со шут од центарот на игралиштето. И во дуелот со Подгорица примија гол од 50-тина метри.

Ова е голот на Раичковиќ во дербито против тимот од Никшиќ:

- Оглас -

Најнови вести