28.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Фудбалскиот Сноуден што ги откри валканите алишта на светскиот фудбал пуштен во домашен притвор

Руи Пинто по една година минати зад решетки во Португалија, од денеска се наоѓа дома, под посебни услови, во таканаречен домашен притвор.

Португалецот кој беше уапсен во Унгарија, а потоа и предаден на властите во својата земја беше притворен од 22 март и сепак ќе го чека судењето во домашен притвор.

Пинто е заслужен за разоткривањето на валканите алишта во светскиот фудбал, а ги откри преку таканаречената афера Фудбал ликс, каде што имаше многу шокантни информации.

Една од нив беше искористена и за казна од УЕФА за Манчестер сити, а Пинто беше заслужен за откривање на финансиските малверзации на актуелниот првак на Англија.

УЕФА неодамна го казни Сити со двегодишна забрана за настап во Лигата на шампионите, токму базирајќи се на податоци од Фудбал ликс, објавени во германскиот магазин „Дер Шпигел“, кој е најтиражен во Европа.

Пинто има 30 години и според законот во Португалија, може да добие висока казна, а е обвинет дека незаконски изнесувал документи во јавноста.

Сепак, под притисок на активистите за човекови права, но и на обичните луѓе кои покренаа масовна акција на социјалните мрежи за ослободување на Пинто, кој за многумина е херој, а не престапник, властите во Португалија одлучија по една година да го пуштат во домашен притвор.

 

 

- Оглас -

Најнови вести