Награда за Манчестер сити е казната од УЕФА

УЕФА го казни Манчестер сити со 370 илјади швајцарски франци за непочитување на финансискиот ферплеј и за незаконско ангажирање на фудбалери помлади од 18 години.

Се шпекулираше дека ќе има забрана за трансфери за англискиот првак, па и можно исфрлање од натпреварувањата на УЕФА за одреден период, но се мина само со парична казна.

„Манчестер сити ја прифати одговорноста и си ја призна вината, па се одлучивме за парична казна“, објавија од Дисциплинската комисија на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести