Фудбалско самоубиство: Македонија не победи на речиси добиен меч против Исланд

Просто неверојатно е како македонската фудбалска репрезентација не победи на гостувањето кај Исланд, откако водеше со 2-0 на 15-тина минути до крајот и имаше целосна контрола врз случувањата на теренот. На крај, на моменти стравувавме и за тој еден бод, иако логиката вели дека требаше да бидат освоени сите три.

Со головите на Велковски и Алиоски, Македонија имаше предност од 2-0, но во 78-ма минута домашните по грешката на голманот Димитриевски намалија на 1-2 и се осоколија, а во македонската селекција дојде до паника. Резервата Гудјонсен во 84-та минута изедначи на 2-2. Нешто пред тоа, Трајковски ја погоди стативата, но немаше среќа да ни донесе водство од 3-1, што веројатно ќе значеше и победа.

Во 94-та минута, Чурлинов имаше одлична шанса, но по неговиот удар со глава, Исланѓаните ја исфрлија топката од самата гол-линија. Штета, вака Светското првенство во Катар изгледа далечно.

- Оглас -

Најнови вести