Манчестер јунајтед доби втора понуда од Фулам, која се претпоставува дека е 20 милиони фунти, за играчот од средниот ред Скот Мектоминеј.
Се очекува Јунајтед да ја одбие понудата, нив би ги задоволил пакет вреден 30 милиони, но иднината на шкотскиот репрезентативец е повторно неизвесна.
Менаџерот Ерик Тен Хаг, рече дека е задоволен што го има Мектоминеј во неговиот тим, но не кажа дека 27-годишниот фудбалер за врска ќе остане во клубот.
Клубот од „Олд Трафорд“ се обидува да генерира средства за купување на нов играч од средниот ред, а проблем е што за време на подготовките им се повредија новото засилување Лени Јоро (францускиот дефанзивец ќе паузира три месеци) и напаѓачот Расмус Хојлунд.