Футуризам на ЕП 2020 – Резервирајте си соба со поглед на финалето на Вембли

Европското првенство во 2020 година ќе биде уникатно по неколку работи и покрај тоа што ќе се игра во 12 различни градови на Стариот Kонтинент, а покрај тоа, новитет е и комоцијата во футуристички стил што ја нудат организаторите преку познатиот интеренет-сајт booking.com.

Мечот за титула ќе се игра на Вембли во Лондон на 12 јули, а за тој дуел имате можност да си резервирате соба со прекрасен поглед на стадионот. Соба со поглед на финале и голем меч за европската круна во друштво со легендарниот шпански репрезентативец Давид Вилја, а ќе може и да се посетат соблекувалните на двата финалисти.

Се очекува да има многу заинтересирани, па организаторите најавуваат и лотарија, па победникот ќе има уникатна можност на необичен начин да го проследи финалето во Лондон на култниот „Вембли“.

Иста можност постои и за резервација на прекрасната соба со поглед на теренот и за двата полуфинални натпревари што исто така ќе се играат на Вембли на 8 јули.

- Оглас -

Најнови вести