Габаски беше брилијантен, но со Сенегал не му помогна ниту големата амајлија (Фото)

Голманот на Египет, Мохамед Абу Габал, или познат како Габаски, и третпат по ред не успеа да биде таличен за Фараоните во пенал-серија на Африканскиот куп на нациите, а овојпат не му помогна ниту амајлијата која беше хит.

Габаски и Египет загубија на пенали во финалето на АФКОН од Сенегал со 2:4, иако голманот беше одличен и му одбрани пенал на Мане во регуларниот дел и потоа и на Сар во пенал-серијата.

Голманот на Замалек има обичај на шише со вода да ги има сите податоци како шутираат противничките играчи, а го сместуваше зад голот.

Претходно тактиката му успеваше против Брегот на Слонова Коска во осминафиналето и со Камерун во полуфиналето, кога Египет победуваше на пенали.

Во финалето двајца репрезентативци на Египет промашија од белата точка, па одбраната на Габаски во третата серија, кога му го одбрани ударот на Сар, беше премалку за осма титула на Египет во Африка.

Комплетната пенал-серија во финалето можете да ја погледнете ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести