Менди ги сопре мајсторите за пенали во Африка, Мане погоди клучен пенал за прва титула на Сенегал

Сенегал ја освои првата титула во Африка по драматичната победа во маратонско финале против Египет, а Садио Мане со последен погоден пенал ѝ донесе историски успех на својата репрезентација.

Играчот на Ливерпул се извади за промашниот пенал во регуларниот дел, а Сенегал по 16 настапи на АФКОН, конечно стана континентален првак.

Вистински јунак беше голманот на Челзи, Едуард Менди, кој одбрани два пенали во пенал-серијата што заврши со победа на Сенегал од 4:2.

Во регуларниот дел и по продолженијата од 30 минути немаше погодок, а најблиску беше Садио Мане во седмата минута, но тогаш промаши пенал.

До крајот на мечот и по продолженијата немаше гол, па се изведуваа пенали.

Кулибали, Дијало, Диенг и Мане погодија за Сенегал, а за новиот африкански првак промаши само Сар.

Зизо и Хамди беа прецизни за Египет, утнаа Абделминем и Лашен, па Салах и не дојде на ред да го изведе последниот пенал за Египет.

Фараоните останаа на рекордните 7 титули, а Сенегалците се радуваа на својата прва круна во Африка.

- Оглас -

Најнови вести