Гачевски удрен во Тетово, полицијата мораше да обезбедува за гостите и судиите да го напуштат теренот (Фотогалерија)

Шкендија убедливо со 4:0 го победи Вардар во дербито кое не можеше да помине без тензии. По постигнување на четвртиот гол на тетовци, имаше неколкуминутен прекин.

Прво се случи тензија меѓу играчите на теренот, а потоа и голманот на Вардар, Филип Гачевски се пожали дека бил удрен со некој предмет од трибината на која се наоѓаа најверните навивачи на Шкендија.

По завршување на средбата, кордон полиција мораше да ги обезбеди дел од фудбалерите на Вардар да влезат во соблекувалната, а канонада од фрлени предмети имаше токму кога Гачевски требаше да го напушти теренот.

И судиската тројка од теренот си замина опкружена со полицајци.

- Оглас -

Најнови вести