Гаџа е јунакот на Хрватска: Победивме со ракометари што не се познаваат меѓу себе (Видео)

Анте Гаџа е јунакот на Хрватска и со неговиот гол во последните секунди победен е Исланд во драматична завршница со 23:22.

Гаџа, кој игра за македонскиот првак Вардар, го постигна победничкиот погодок на 15 секунди до крајот на мечот, а потоа имаше интересна изјава.

„Ова е голема победа за Хрватска со оглед на ситуацијата во нашиот табор. Имавме огромни проблеми со Ковид и дури денеска ни се случи да играме со состав во кој речиси и не се познаваме сите ракометари меѓу себе. Со борбеност, кавлитет и желба за успех ги надминавме сите хендикепи“, рече Гаџа.

Ракометарот на Вардар постигна еден, но многу вреден гол за победа на Хрватска, селекција што сепак нема шанси за полуфинале и битка за медали.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1485649397438455808?s=20

- Оглас -

Најнови вести