Гаџа играше за Загреб и одлично го познава и ривалот на Вардар и рецептот за победа

Анте Гаџа порано играше за најтрофејниот хрватски клуб Загреб и одлично го познава следниот ривал на Вардар во Лигата на шампионите, но и рецептот за победа на неговиот сегашен тим.

Вардар е во голема криза и има шест порази по ред, серија што ќе се обиде да ја сопре со успех против Загреб на гостински терен.

„Загреб ја крена формата во последно време и игра сè подобро. Мора да одиграме борбено и максимално сконцентрирано, а очекувам со добра одбрана, што е значаен фактор да забележиме добар резултат. Ако одиграме цврсто во дефанзивата, можеме да се надеваме на бодови“, изјави Гаџа.

Мечот од десеттото коло во А групата во Лигата на шампионите ќе се игра во Загреб, задутре од 20.45 часот.

Двете екипи бијат голема битка за место во плејофот, а Вардар со пет бода моментно е шести, последна позиција што гарантира учество во доигрувањето за европската круна.

Загреб е веднаш зад двојниот европски првак со четири бода по 9 кола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести