Гаја во 90+5 ја спаси Фуријата од пораз во дербито на поранешните светски прваци (видео)

Германија не успеа да го добие дербито против Шпанија и ремизираше при конечни 1-1. Левиот шпански бек Хосе Гаја ја спаси Црвената фурија од пораз во петтата минута од судиското надополнување, буквално во последните мигови од средбата во Штутгарт.

https://streamable.com/vqr0wr

Новото засилување на Челзи, Тимо Вернер, го реализира 12-тиот гол во 30-тиот настап за Панцерите, што беше доволно за составот на Лев да се радува во Штутгарт.

Потоа Шпанците го диктираа темпото, пристискаа за изедначувачки гол и го дочекаа пред последниот судиски свиреж.

Од Сегментот А играа уште Украина и Швајцарија, во мечот кој им припадна на домаќините со 2-1 по головите на Јармоленко и Зинченко, додека Сеферовиќ реализира еден, недоволен погодок за Швајцарците.

Останати резултати: 

Бугарија – Ирска 1:0

Финска – Велс 0:1

Русија – Србија 3:1

Турција – Унгарија 0:1

Молдавија – Косово 1:1

Словенија – Грција 0:0

Летонија – Андора 0:0

Фарски Острови – Малта 3:2

- Оглас -

Најнови вести