Галагер од „втора мајка“ на потпис во Мадрид

Англискиот репрезентативец Конор Галагер синоќа слета во Мадрид и во текот на денешниот ден треба да потпише договор со Атлетико, по што ќе биде официјално претставен како нов играч на тимот на Диего Симеоне.


Ова е втор обид на 24-годишниот играч од средниот ред да го комплетира трансферот во шпанскиот клуб. Тој првиот пат дојде во Мадрид, два дена чекаше во хотел дозвола од Челзи за реализација на зделката, но на крајот доби „наредба“ да се врати на „Стемфорд бриџ“ и тренираше со младинскиот тим на англискиот клуб.

Трансферот на Галагер ќе го чини Атлетико Мадрид 42 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести