Гарсија го налути Марсеј и потпиша за ривалoт

Олимпик Лион го претстави Руди Гарсија за нов тренер. Францускиот стратег денес стави потпис на двегодишен договор. Гарсија доаѓа на местото на Бразилецот Силвињо, кој издржа само 11 меча на кормилото на Лавовите. 

Седумкратниот француски првак се одлучи да му ја даде довербата на поранешниот тренер на нивниот лут ривал, Олимпик Марсеј. Гарсија од 2016 година до мај годинава беше на клупата на Марсеј, а се раздели со екипата поради слаби резултати.

По кратка пауза без ангажман, Французинот повторно ќе работи во домашниот шампионат. Покрај Лион и Марсеј, Гарсија претходно ги водеше Лил, Дижон, Ле Ман и Сент Етјен.

- Оглас -

Најнови вести