Гаскоњ вели дека одамна не допрел алкохол, сега почна да пипка жени

Пол Гаскоњ ги мина сите можни пороци, а сега на ред дојде и да биде обвинет за сексуално вознемирување. Еден од најталентираните играчи во историјата на англискиот фудбал по расправија со дама во воз на патот од Јорк до Дурем на 20-ти август годинава, преминал во физички напад.

Според обвинението, Гаскоњ почнал да ја пипка жената, а таа поднела пријава за сексуално вознемирување. И сега веројатно го чека казна затвор, што е нов проблем за контроверзниот ексфудбалер.

Популарниот Газа имаше многу проблеми со алкохолот и дрогата, беше зависник, поради што заврши на долго лекување и третмани за одвикнување, но бунтовниот карактер повторно дојде до израз во новиот инцидент од серијата што ги имаше во минатото.

Како фудбалер беше одличен и многу талентиран и одигра 57 натпревари за англиската репрезентација со 10 постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести