Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, по поразот од Болоња со 3-4 во Лига Европа кој значеше и елиминација на Волчицата уште во осминафиналето, рече дека неговиот тим ги покажал своите две лица и доброто и лошото.
„Секако беше фасцинантен натпревар, но си заминуваме со големо жалење бидејќи ги видовме и најдоброто и најлошото од нас. Најдоброто беше речиси во текот на целиот натпревар, а најлошото беше со примените голови, што нè принуди постојано да бркаме резултат. Штета што ги направивме овие грешки“, започна Гасперини.
„Кога ќе стигнете до оваа фаза од сезоната, притисокот се зголемува, а заморот почнува да се чувствува. Но, овој тим има дух бидејќи примивме гол од пенал непосредно пред полувремето, се вративме од негатива од 1-3 и се чинеше дека моментумот е на наша страна“, додаде Гасперини.
„Во продолженијата се чувствуваше замор, но немавме можност да правиме замени. Болоња внесе тројца брзи и свежи напаѓачи, што ни ја отежна работата. Во првата половина од сезоната најдовме голови од различни играчи, но недостатокот на опции во нападот е нешто што ни тежи цела сезона“, анализираше тренерот.

