Гасперини: Испишавме историја и тоа го направивме на неверојатен начин

Аталанта по пауза од шест децении стигна до трофеј и тоа на европска сцена. Со убедливи 3:0 го победија Баер Леверкузен кој сезонава имаше рекордна низа од 51 меч без пораз.

Баер само втор пат сезонава не успеа да даде гол на еден меч. Тоа се случи само уште против Борусија Менхенгладбах кога на 27 јануари беше 0:0. Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини на 66 години дочека да се израдува на прв голем трофеј.

„Мислам дека влеговме во историјата, а начинот на кој стигнавме до титулата е неверојатен. Ја повторивме играта од дуелите против Ливерпул и Спортинг. Спортинг е првак на Португалија, Ливерпул беше на врвот на Премиер лигата кога играше против нас, а Баер Леверкузен издоминира во Бундеслигата. Ние сите тие екипи ги елиминиравме“, рече Гасперини, кој секако дека е еден од накзаслужните за освојување на оваа титула.

„Често играме во формација со тројца напаѓачи. Моравме да одиме на победа во финалето. Моравме да бидеме офанзивни, да не дозволиме да се браниме. Знаеме дека ова е екипа која е многу опасна во нападот, но и дека не се толку сјајни кога ќе ги натерате да се бранат. Сите на теренот беа одлични. Без сомнеж го заслуживме овој трофеј“, задоволно коментираше Гасперини

- Оглас -

Најнови вести