Гасперини: Се чувствуваме како репрезентација, ја претставуваме цела Италија

Аталанта нема да игра само за себе и за своја слава, туку ќе ја претставува цела Италија како единствен претставник на таа земја на завршницата во фудбалската Лига на шампиони. Вака се чувствуваат сите во тимот од Бергамо, а тоа го потврди и тренерот Џанпјеро Гасперини.

„ПСЖ доминира во Франција во последните години, има феноменални играчи, но ние сме дојдени во Лисабон затоа што и претходно победувавме силни тимови. Веруваме дека може да одиграме добро. Се чувствуваме како националниот тим, се надевам дека во добро светло ќе ја презентираме нашата Италија“, изјави Гасперини, кому не му се допаѓа што се игра само еден меч бидејќи Аталанта во двомечи обично подобро игра во реваншите.

Гасперини жали што Јувентус и Наполи не успеале во осминафиналето, но тоа што се единствени од Италија не им прави дополнителен притисок, туку ги мотивира.

- Оглас -

Најнови вести