Гасперини: Тројца фудбалери на Аталанта цел ден „спиеја“ на телефоните за да дознаат дали се продадени

Вчера беше последниот ден од летниот преоден рок кој што донесе неколку интересни трансфери.

Како и секојпат, така и сега некои од клубовите купуваа во последен миг, а тренерот на Аталанта, Џјан Пјеро Гасперини откри еден интересен детаљ.

„Жереми Бога, Ханс Хатебур и Јоаким Мае цел ден беа на своите телефони за да дознаат дали ќе бидат продадени. Фала богу што преодниот рок е завршен и сега ќе можеме да се фокусираме на сезоната“ изјави меѓудругото Гасперини.

Аталанта вчеравечер го побеид Торино со 3:1 пред своите навивачи и со тоа дојде до десеттиот бод во сезоната со што се израмни со Рома на лидерското место.

- Оглас -

Најнови вести