Гатузо го прецрта Милик како казна што одби трансфер во Рома

Наполи го именуваше составот за домашните и меѓународните натпреварувања во претстојната сезона, во кој изоставен е напаѓачот Аркадјуш Милик. Според италијанските медиуми, тренерот Џенаро Гатузо ја донел оваа одлука заедно со управата на клубот откако полскиот напаѓач претходно одби преселба во редовите на Рома.

Трансферот веќе беше договорен за Милик, но тој не сакал да прифати пониска плата, по што целиот договор пропадна. Непрофесионалното однесување не поминува кај строгиот Рино, па затоа Милик цела сезона ќе ги следи натпреварите на Наполи од трибини.

Што се однесува за регистрираните играчи, секако меѓу нив е и младата македонска ѕвезда Елиф Елмас, кој моментално закрепнува од корона-вирус и е надвор од комбинација за Македонија во пресрет на важниот меч против Косово.

- Оглас -

Најнови вести