Гатузо ќе биде нов тренер на Лацио, Сари ќе се пресели во Аталанта?

Џенаро Гатузо е на чекор до преземање на клупата на Лацио, откако италијанските медиуми објавија дека поранешниот селектор на Италија постигнал договор со римскиот клуб за двегодишна соработка.

Според информациите на Фабрицио Романо, преговорите меѓу двете страни веќе се успешно завршени, а официјализацијата на соработката се очекува во наредниот период.

Иако Маурицио Сари сè уште формално не е разрешен, неговото заминување изгледа неизбежно. Во текот на сезоната Сари имал затегнати односи со претседателот Клаудио Лотито, а слабите резултати дополнително ја забрзале одлуката за тренерска смена.

Лацио сезоната во Серија А ја заврши на деветтото место и остана без пласман во европските натпреварувања, што во клубот се смета за големо разочарување ако се земат предвид амбициите со кои беше започната кампањата.

За Гатузо ова ќе биде враќање во клупскиот фудбал по ангажманот на селекторската функција во италијанската репрезентација, која ја напушти по неуспехот против Босна и Херцеговина во квалификациите за Светското првенство.

Во меѓувреме, италијанските медиуми најавуваат дека и Сари нема долго да биде без работа. Се шпекулира дека искусниот стратег би можел да седне на клупата на Аталанта, каде треба да го наследи Рафаеле Паладино.

- Оглас -

Најнови вести