Гаучосите ги делат само 45 минути од финале, Меси и Алварес ја фрлија во транс Аргентина

Селекцијата на Аргентина води со 2:0 против Хрватска по првото полувреме од првото полуфинале на Светското првенство во Катар.

Гаучосите двата гола ги постигнаа во финишот на полувремето, и тоа преку Лионел Меси и Хулијан Алварес.
Резултатот го отвори Лионел Меси во 34-тата минута, и тоа од пенал.
Алварес го искористи невниманието на хрватската одбрана и излезе сам пред голот на Ливаковиќ, кој го фаулираше Аргентинецот, по што судијата Даниеле Орсато без двоумење покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Меси.

Хрватите сè уште не се созедоа од првиот гол, примија уште еден, и тоа благодарение на Алварес. Напаѓачот на Манчестер сити во 39-тата минута доби топка уште во својата полоина и со одличен трк дојде до шеснаесетникот, каде што помина неколку хрватски играчи и потоа успеа да го совлада Ливаковиќ за високи 2:0.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести