Гави: Со месеци сонував за овој момент, повторно да заиграм за Барселона

Талентираниот играч на Барселона, Гави, кој се врати на теренот по долг период на отсуство поради повреда, емотивно го прокоментира својот настап на вчерашниот натпревар против Севиља. Дваесетгодишниот играч за врска одигра околу десет минути во завршницата од натпреварот, носејќи ја капитенската лента.


По мечот, Гави беше пресреќен и им се заблагодари на сите во клубот за поддршката во текот на долгото закрепнување од тешката повреда на коленото.

„Многу сум среќен што се вратив и што повторно сум со тимот. Месециве сонував за овој момент и на сите сум им благодарен бидејќи тие го направија процесот многу полесен за мене. Најлошо од сѐ е кога не можеш да играш. Многу е тешко да го гледаш тимот од страна. Треба да уживаме во секој момент и да ги цениме работите што ги имаме. Се чувствувам како вистински среќник што повторно се вратив на теренот“, изјави Гави по убедливата победа над Севиља.

Барселона ја совлада Севиља со 5-1 и со три бода предност ќе патува во Мадрид следниот викенд на дуелот против големиот ривал Реал, во најголемото дерби на шпанскиот и на светскиот фудбал Ел Класико.

- Оглас -

Најнови вести