Ѓаволска машинерија, Белгија утна само двапати на 29 натпревари

Белгија го победи Исланд со 2-0 и е на прагот да обезбеди пласман во завршницата во Сегментот А во премиерното издание на Лигата на нациите, а „црвените ѓаволи“ имаат супер гол-ефект.

На последните 29 натпревари, Еден Азар и соиграчите од репрезентацијата само на два меча не успеале да ја затресат противничката мрежа. Ефектот од 27 натпревари на кои постигнале гол во последните 29 меча е одличен, а двете селекции што „куртулија“ од ѓаволски добрите и ефикасни офанзивци се светскиот првак Франција и Уругвај.

Французите во полуфиналето на последниот Мундијал во Русија ја добија битката со одличните Белгијци, славеа со 1-0 и потоа со триумф против Хрватска во финалето ја освоија титулата.

Претходно, на пријателски меч во јуни годинава Уругвај не прими гол од Белгија, а мечот заврши 0-0.

- Оглас -

Најнови вести