Ѓаволска понуда за Интер – Погба може на „Џузепе Меаца“, ако Мартинес пристигне на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед ќе му дозволи на Пол Погба да го засили Интер, само ако во договорот биде вклучен и трансфер на Лаутаро Мартинес на „Олд Трафорд“.

Погба, иако играше за Јувентус, нема ништо против да го засили големиот ривал на Старата Дама, особено што тренер би му бил Антонио Конте, со кого соработуваше во времето кога настапуваше за гигантот од Торино.

Сепак проблем е што Интер тешко ќе се согласи да го вклучи Мартинес во трампата. Лаутаро игра фантастично сезонава и постигна 16 гола на 23 настапи. Аргентинецот е млад, има само 23 години и е проценет на околу 90 милиони евра.

Манчестер јунајтед си има свои сметки и го цени Погба на неверојатни 160 милиони евра, па навидум според ови суми изгледа невозможен договор меѓу „црвените ѓаволи“ и Интер, за трампа на францускиот и аргентинскиот репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести