Ѓаволски бројки со три шестки донесоа ѓаволска добивка од ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ (Фото)

Ѓаволски бројки со три шестки и одлична уплата од 6.850 денари и викендов ја продолжија низата од милионери во Sport Life.

Добитниот тикет е уплатен во објектот кај Универзалната сала во Скопје и е одигран само со три пара, сите погодени со играта 6+ на голови.

666 ЗА МИЛИОН ВО СКОПЈЕ

Комбинацијата е холандско-англиска, а најзаслужен за огромната добивка од ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ е талентираниот младинец на Челзи, Хенри Лоренс, кој го постигна потребниот шести гол на дуелот на младинските екипи на Манчестер јунајтед и нивните врсници од лондонскиот клуб.

При резултат од 4:1 за младите Црвени ѓаволи, 19-годишниот играч на Челзи со гол во 92-рата минута го постави конечниот резултат 4:2 за Манчестер јунајтед.

Тоа беше и првиот меч одигран на добитниот тикет, а драматичниот финиш и голот во последните секунди на младинското дерби во Англија потоа донесе помирен тек на настаните со двата преостанати холандски дуели во Втората лига.

Од 21 часот, исто така во петокот, Ден Бош со 7:0 ја декласира Рода, а тука потребната квота од шест гола беше достигната во 58-мата минута, додека на дуелот меѓу Јонг АЗ Алкмар и Камбур имаше точно шест погодоци. Мечот заврши со триумф на гостите од 2:4 за голема радост и милионска добивка во Скопје со погодена вкупна квота од 146,48 во Sport Life.

УШТЕ ЕДЕН ГОЛ ВО 92-РАТА МИНУТА ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 5.100 ЕВРА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Сосема поинаков концепт што се покажа како добитен е одигран во уплатното место Гевгелија 4 на Sport Life.

Со уплата од 100 денари, ќарот во бруто-износ е 369.342 денари, или околу 5.100 евра нето, а одигран е типски тикет со иста игра, 2-3I&2-3II, една од најпривлечните и најтешки во обложувањето, но со исклучително добри коефициенти во Sport Life.

Погодени се сите четири пара на натпревари што се одиграа вчера. Бристол сити и Лутон ја најавија добивката со ефикасен меч што заврши со победа на гостите од 2:3.

Бристол водеше по првото полувреме со 2:0, па се случи комплетен пресврт со три гола на Лутон во второто полувреме. Ризично беше во последните 20-тина минути, не смееше да падне гол од 74-тата минута и, за среќа на среќниот добитник, немаше и четврти гол во второто полувреме, што ќе значеше дека тикетот веднаш на стартот е недобитен.

Лориен и Бордо исто така одиграа ефикасен меч во Франција. Головите во победата на домаќините од 4:1 беа распоредени како под конец, три во првото полувреме и два во второто за втор погоден пар на тикетот со вкупна квота од 3.693,42.

Штурм и ЛАСК во Австрија одиграа 3:1 за домаќините, со по два гола во двете полувремиња, а нова драма имаше на крајот, на последниот меч на тикетот.

Дербито на Бирмингам меѓу Астон вила и Вест Бромич албион заврши нерешено 2:2 откако на полувремето беше 1:1, а за добивка во Гевгелија се погрижи Кејнан Дејвис со гол за Астон вила во 92-рата минута.

ГЕВГЕЛИЈА ИМА И ВТОРА ЕПИЗОДА, КОМПЛЕТНО Е КОШАРКАРСКА СО ЌАР ОД 111.167 ДЕНАРИ

Во Гевгелија и викендот почна со топ-добивка, а оваа епизода, што е исто така многу успешна, е комплетно кошаркарска.

Со уплата од 1.500 денари и погодени индивидуални тотали во поени на седуммина кошаркари од Евролигата остварена е добивка во Sport Life од 111.167 денари во бруто износ.

Комбинацијата во формација 4 минуси и 3 плуса изгледа совршено, а речиси и да немаше драма иако сè можеше да падне во вода со продолженијата на мечот меѓу Барселона и Зенит Санкт Петербург.

Во таков случај, поените на кошаркарите важат и во дополнителното време, но, за среќа на сопственикот на добитниот тикет, не се случи да се мине границата од поени кај ниту еден од тројцата кошаркари што играа на овој меч, а беа на добитниот тикет што носи чиста добивка од околу 1.500 евра.

- Оглас -

Најнови вести