Ѓаволски тежок пораз на шампионот на НХЛ

Актуелниот првак во НХЛ-лигата, Вашингтон, претрпе тежок пораз на гостувањето кај Њу Џерси од 6:0. Домаќините беа расположени за игра и му одржаа вистинска лекција од модерен хокеј на ривалот и најсилната екипа во ланската сезона.

Популарните ѓаволи го имаа расположениот Кајл Палмиери во првиот период и тој со два гола најави дебакл на шампионот. Овечкин, Кузњецов, Оши и останати ѕвезди на првакот беа само статисти во тешкиот пораз, а во продолжението голманот Феникс Копли уште 4 пати го вадеше пакот од мрежата.

Јохансон, Колеман, Деа и Бојл беа прецизни за Њу Џерси за супер триумф против првакот со ралзика од шест голови.

Останати резултати: Бостон – Едмонтон 4:1, Бафало – Колорадо 1:6, Флорида – Колумбус 4:5, Њујорк ренџерс – Сан Хозе 3:2 (по продолженија), Питсбург – Лас Вегас 4:2, Детроит – Торонто 3:5, Монтреал – Лоса Анџелес 0:3, Тампа беј – Ванкувер 1:4, Минесота – Чикаго 4:3 (по продолженија), Нешвил – Винипег 3:0, Сент Луис – Калгари 5:3.

- Оглас -

Најнови вести