Газдата на Њу Ингланд пејтриотс вмешан во секс скандал

Сопственикот на Њу Ингланд пејтриотс, Роберт Крафт, е еден од 25-те осомничени кои се соочуваат со оптужби за вмешување во секс скандал. Како што стои во соопштението на полицијата во Флорида, постојат два видео-записи како доказ дека Крафт користел сексуални услуги во нелегален салон за масажа.

Според информациите, 77-годишниот милијардер не е приведен, но ќе биде предаден налог за апсење на неговите адвокати. Тој категорично одбива да признае било каква вмешаност, но ниту тој, ниту неговите адвокати немаат дозвола да истакнат информации додека истрагата е во тек.

Се чека реакција од челниците на НФЛ лигата, кои во кратки црти соопштија дека будно ќе го следат процесот на истрагата и развојот на целокупната ситуација.

Пред дваесетина дена Пејтриотс по шести пат го освоија Супербоул во дуелот против ЛА рамс.

- Оглас -

Најнови вести