Георгиевски: Австрија повеќе ни лежи од Чешка

Дуелот и поразот со Чешка треба што побрзо да се заборави, и целиот фокус да се насочи кон пресметката со домашната Австрија во вторник.

„Има уште еден меч, кој мора да го добиеме. Треба да даваме голови, да ги користиме шансите за да имаме шанса да победиме“ – рече Стојанче Стоилов.

Селекторот Данило Брестовац мисли оти пресудил слабиот влез во второто полувреме и серијата на Чесите од 6-1, но доста елементи фалеле за да се направи подобар резултат.

„Ништо не е загубено, мора да бидеме оптимисти. Очекувавме тежок меч, секогаш било така со Чесите. На крај они испаднаа победници, нијанси решаваа, се боревме до крај. Дадовме максимум, но тоа е. Не треба да застанеме тука, пред нас е нов противник, треба да бидеме позитивни и оптимисти. Мислам дека Австрија повеќе ни одговара како противник, отколку Чешка. Треба да одмориме и да се подготвиме најдобро, да ги анализираме, и да се обидеме да победиме“ – рече крилото Гоце Георгиевски.

 

- Оглас -

Најнови вести