Георгина е во срцето на Кристијано, но и на неговите штитници (фото)

Кристијано Роналдо во повеќе наврати истакна дека семејството му е најважно, а сега докажа колкава е неговата љубов кон вереничката Георгина Родригес.

Имено, Георгина на социјалните мрежи објави фотографија на која се познава дека Роналдо носи штитници со нивна заедничка фотографија. Овој момент се забележа во дербито меѓу Португалија и Франција, кога Роналдо ги спушти чорапите, по што самата Георгина потврди за која фотографија се работи.

Инаку, Роналдо досега на континталниот турнир постигна пет гола и е прв стрелец, а дали штитниците со Георгина ќе му донесат среќа и во дербито против Белгија за пласман во четвртфиналето, ќе се види вечерва.

- Оглас -

Најнови вести