Георгина открива: Не бев секогаш толку убава, работев и како чистачка

Георгина Родригез дефинитивно е најпознатата девојка во фудбалскиот свет. Таа е понежната половина на Кристијано Роналдо, но и еден од најплатените модели во светот. Георгина реши да ја „отвори душата“ и да открие детали од нејзиното минато кои досега не биле познати.

„Не бев баш најубаво дете. Сигурно не бев најубавата во одделението. Се чувствував нормално“, започнува Георгина со својата приказна. „Потоа решив да одам на танц. Токму танцот ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста“, додава девојката на Кристијано Роналдо.

Иако самата вели дека не била баш најубавата девојка во класот каде што учела, сепак многу брзо почнале да ѝ кажуаат дека е многу убава и дека има добро тело.

„Не постои момент кога решив да станам модел. Во подоцнежниот период од школото започнаа да ми кажуваат дека сум убава и дека имам добро тело, а јас почнав да верувам во самата себе“, вели Георгина.

Девојката започнала да работи како модел во Мадрид, но немала доволно пари, па решила да се пресели во Бристол. „Бев и чистачка кога требаше. Тоа не ми беше проблем. Кога не можев да носам облека од моите омилени модели, знаев да одам и да купувам и во Зара“, открива Георгина, која подоцна се вработила како продавачка во продавницата на „Гучи“ во Мадрид.

Вработувањето во оваа продавница всушност и го промени животот на девојката од Мадрид. Во еден момент во таа продавница влегол Кристијано Роналдо, ја здогледал Георгина и започнал многу често да ја посетува. Останатото е историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести