Георгина вели дека не е трудна, туку била прејадена

Португалските фоторепортери ја фатија Георгина Родригес со „надуен“ стомак на натпреварот Португалија-Србија и веднаш се појавија шпекулации дека вереницата на Кристијано Роналдо повторно е бремена. Роналдо има четири деца, од кои само едното (ќерка која се роди во ноември 2017 година) со Георгина, а другите три од сурогајт мајки.

Сепак, партнерката на Кристијано негира дека е трудна.

„Видете, и јас сум човек. Постојано патувам, се преместувам од авион во авион. Четири дена по ред јадев само тестенини, последниот пат изедов малку повеќе. Уште ми се задржуваат течностите во телото, хормоните ми влијаат, уште не сум целосно вратена во нормала по пораѓањето. Би сакала големо семејство и уште деца, но има време“, изјави Родригес, која две и пол години живее со славниот фудбалер.

Вечерва Јувентус гостува кај Калјари, а Роналдо поради повреда нема да настапи. Тој се повреди токму на тој меч против Србија, кога беше сликана прејадената Родригес.

- Оглас -

Најнови вести