Ѓер повторно европски шампион кај жените

Унгарски Ѓер останува европски ракометен владетел во женска конкуренција. На фајнлфор турнирот во Будимпешта, тимот кој ја има улогата и на домаќин, во финалето со 25:24 го победи рускиот Ростов. Во мечот за трето место, Кристијанштад со 31:30 го победи Мец.

Ѓер водеше во поголемиот дел од мечот против Ростов. Рускиот тим имаше предност од 10:8 во првото полувреме, но Ѓер со серија од 7:1, стигна на полувремето да води со 15:11. Во вториот дел, разликата константно беше меѓу три и пет гола предност.

Кога веќе се знаеше дека Ѓер ќе го освои трофејот и водеше со 25:21, Ростов со три гола во серија, на крајот успеа да стигне до пораз од само еден гол. Во претходните две сезони, Ѓер во финалето и тоа многу потешко од оваа година, успеваше да слави против тогашниот македонски првак Вардар.

- Оглас -

Најнови вести