Гери Невил: Знам зошто Јунајтед уште не го отпушта Солскјер

Една од легендите на Манчестер јунајтед и поранешен соиграч на Оле Гунар Солскјер, некогашниот бек Гари Невил, ги коментира случувањата во клубот од „Олд Трафорд“, и разви своја теорија зошто менаџерот Солскјер уште не ја загубил работата на клупата на Црвените ѓаволи.

Тимот воден од Норвежанецот, има три порази на последните пет меча.

„Ако Оле станеше менаџер веднаш после сер Алекс Фергусон, досега веќе ќе беше избркан. Но, откако Јунајтед патеше додека многу често ги менуваше тренерите, сега ќе го остават Солскјер да работи на подолг период. Мислам дека тоа е правилниот пристап, бидејќи клубот дозна дека некогаш промената чини многу повеќе пари“ – изјави Невил.

- Оглас -

Најнови вести