По еден меч од Англија, Франција, Италија, Шпанија и Белгија

1007 Њукасл – Вест хем (18:30 ч.)

Њукасл имаше лоша сезона, но е сигурен на средината на табелата. За разлика од нив, Вест хем е на 18-тото место и е во зоната за испаѓање, па едноставно гостите мора да бркаат победа.

Во Премиер лигата познато е дека нема многу калкулации како во некои други лиги, па тука може да се очекува борбена и отворена игра со погодоци на двете страни. На осум од последните 10 меѓусебни дуели било со барем по еден погодок на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.72)

 

1705 Олимпик Марсеј – Рен (21 ч.)

Дерби на колото во француското првенство. Тимот од Марсеј е со 56 бодови на шестото место, а Рен е петти со три бода повеќе. Реално, двата тима може ја бркаат четвртата позиција на Лион кој е со 60 бодови.

Олимпик сезонава дома има 10 победи, четири реми и само два порази, па секако дека ја има фаворитската улога. Традицијата вели дека Олимпик Марсеј победил на последните пет меча кога бил домаќин против Рен и најчесто немало повеќе од три гола.

Предлог тип: 1&0-3 (3.45)

 

3002 Удинезе – Кремонезе (20:30 ч.)

Во последните две кола Удинезе е мирен на средина од табелата, но на Кремонезе му „гори“, затоа што со 31 бод е во зоната за испаѓање, но може да го брка Лече кој е само со еден бод повеќе во сигурната зона.

Удинезе сезонава дома има повеќе порази од победи, па нема да биде чудно ако Кремонезе приреди и изненадување. Кога играат овие два ривали, најчесто има по два или повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.13)

 

1308 Севилја – Реал Мадрид (19 ч.)

Реал Мадрид не може да мрдне ни погоре ни подоле од второто место на табелата, но Севилја уште има теоретски шанси да се избори за излез во Европа. Сезонава беше лоша за Севилја, но со трите победи во низа стигна до 12 место, а сега амо слави и во последните две средби, може да дојде до позиција за излез во Конференциксата лига на УЕФА.

Реал има 12 победи и две реми во последните 14 дуели со Севилја, па тоа треба да е дополнителен мотив за домаќините конечно да го прекинат постот без триумф над Кралскиот клуб кој трае осум години.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.50)

 

1660 Бриж – Ројал Унион (18:30 ч.)

Дуел на првиот и вториот на табелата во Белгија. Бриж е лидер со 50 бодови, а Ројал има 49 и е единствен ривал во борбата за титулата. По овој дерби меч, ќе останат уште две кола до крајот на пренството што значи дека ова нема да биде финална пресметка, но може многу да реши во трката за трофејот.

Во последните 10 меча Бриж има само две победи против овој ривал, а четири пати било нерешено и четири пати Ројал Унион се радувал.

Предлог тип: Х2-1Х (2.19)

 

- Оглас -

Најнови вести