Германија ја „прегази“ Унгарија, Холандија ја доби голеадата против Босна и Херцеговина (Видео)

Репрезентацијата на Германија забележа убедлива победа од 5-0 против Унгарија во првиот меч за нив во Лигата на нации на УЕФА. Германците комплетно доминираа, а убедливата победа ја најавија уште во првото полувреме.

Интересно, сите пет гола за Германија беа дело на различни фудбалери. Во листата на стрелците се запишаа Фулкруг, Мусиала, Вирц, Павловиќ и Хаверц.

Убедлива победа забележа и Холандија, која со 5-2 славеше против Босна и Херцеговина на домашен терен. Головите за „лалињата“ беа дело на Циркзе, Реијндерс, Гакпо, Вегхорст и Симонс, додека за Босна и Херцеговина прецизни беа Демировиќ и Џеко.

На натпреварите од дивизијата „Б“, Грција на домашен терен со убедливи 3-0 славеше над Финска, додека Албанија со пресврт ја победи Украина со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести