Германија му се поклонува на Клаудио Пизаро (Видео)

Клаудио Пизаро на возраст од 40 години и 136 дена, постигна гол, со што стана највозрасен стрелец во историјата на германската Бундеслига. Досега рекордот го држеше Мирко Вотава. Пизаро во 96 минута, изедначи на 1-1 за голема радост на Вердер кој се спаси од пораз на гостувањето кај Херта во Берлин. Пизаро во август 1999 година за првпат заигра во Германија и тоа дебито го имаше против Херта.

Пизаро влезе во игра во 61 минута, а половина час подоцна, даде гол од слободен удар. Инаку, Перуанецот има дадено 195 гола во Бундеслигата, два повеќе од Полјакот Роберт Левандовски, со кого се тркаат за најефикасен странец во историјата на германското првенство.

https://www.dailymotion.com/video/x72iru9

- Оглас -

Најнови вести