Кошаркарската федедација на Германија одлучи да го повлече од употреба дресот на машката репрезентација со бројот 14 во чест на легендата и најдобар германски кошаркар на сите времиња, Дирк Новицки.
Новицки со националниот тим на Германија освои бронзен медал на СП 2002 година, а беше финалист на ЕП 2005 и освои сребро.
Церемонијата на повлекување на дресот на Новицки ќе се случи на отворањето на Евробаскетот на 1 септември во Келн, пред почетокот на средбата Германија – Франција.
Ова значи дека 14-ката на Германија веќе никој нема да ја носи, исто како бројот 41 во Далас маверикс, дрес кој исто така е повлечен во чест на Новицки. Германецот во НБА играше со бројот 41 затоа што кога дојде во Далас како младо момче, бројот 14 бил зафатен од Роберт Пек.