Германски новинар се обложил дека Левандовски ќе го урне рекордот на Милер и доби 4.000 евра

Роберт Левандовски во дресот на Баерн Минхен сезонава даде дури 41 гол во Бундеслигата и постави нов рекорд, надминувајќи го 49 години стариот рекорд на славниот Герд Милер, а еден поранешен германски џокеј кој сега работи како новинар во еден спортски портал, благодарение на Полјакот заработи 4.000 евра.

Олаф Шик пред почетокот на сезонава уплатил 100 евра дека Левандовски ќе постигне над 40 гола, квотата била 40, па откако Леви во последното коло погоди во 90-та минута против Аугсбург, си заработи 4.000 евра.

Сега Шик е подготвен да се обложи на нешто слично за следната сезона. Тој предвидува дека рекордот од 41 гол на Левандовски може да биде урнат, и дека некој ќе даде има 42 погодоци. Негов фаворит е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, кој ако остане во Германија, има предиспозиции да го нападне голгетерскиот рекорд на Левандовски.

Инаку, Шик го погоди и испаѓањето на Шалке 04, квотата била 22.

„Од зимоска верував дека Левандовски може да успее. Во последното коло постојано се тресев и на крај бев многу среќен. Ти благодарам Роберт“ – изјави аналитичарот Шик.

- Оглас -

Најнови вести