Германски предлог-тикет: Баварците на прошетка во Берлин

Келн – Мајнц (15:30ч)

Во само една од последните пет меѓусебни средби Келн и Мајнц одиграле натпревар во којшто и двете екипи постигнале барем по еден гол. Иако паузата од два месеци нè наведува да очекуваме ефикасен меч, до прашање се доведува формата на фудбалерите и колку се подготвени да одговорат на предизвикот.

Јарците пред прекинот имаа биланс од три победи и два порази во шампионатот, завршија со пораз од Менхенгладбах од 2-1, па затоа императив ќе им биде да се вратат со триумф на домашен терен. Мајнц пак е во битка за опстанок, но засега е сигурен со 26 бода, три повеќе од загрозената Фортуна. Цел на гостите ќе биде изненадување во Келн во обид да се издвои двоен овосезонски триумф против оваа екипа.

Предлог тип: 1X & 2-4 (1.95)

 

Унион Берлин – Баерн Минхен (18ч)

Дортмунд со голем залет најави неизвесна шампионска трка, а денес е ред на Баварците да ја оправдаат фаворитската улога на гостувањето во Берлин. Баерн не би требало да има проблем со Унион ако се земе во предвид победничката низа во која беше екипата на Ханзи Флик пред да се случи прекинот.

Шест победи по ред, односно без пораз од почетокот на декември минатата година, јасно е зошто лидерот во Бундеслигата има загарантиран триумф. Во првата меѓусебна пресметка Баерн славеше со 2-1, а фактот што не играа два месеци можеби ќе ги мотивира играчите денес да трагаат по повеќе голови.

Предлог тип: 2 & T23+ (1.92)

 

Вехен – Штутгарт (13:30ч)

Тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денес гостува кај Вехен, екипата која се бори за опстанок во втората германска лига. Тоа значи дека Штутгарт ја има фаворитската улога ако се знае дека поранешниот германски првак атакува на камбек во елитата.

Штутгарт пред прекинот на сезоната си направи проблеми со поразот од Гројтер Фурт и ремито со лидерот Билефелд, но и натаму го држи местото преку кое директно се влегува во Бундеслигата. Воедно гостите ќе целат на реванширање, бидејќи Вехен претходно сезонава изненади на „Мерцедес-Бенз арена“ со победата од 2-1.

Предлог тип: X2 & 3+ (2.0)

 

Арминија Билефелд – Оснабрук (13:30ч)

Лидерот во Цвајта е без пораз во 2020 година и чини дека така ќе остане и во првото коло по прекинот на сезоната. Билефелд е сигурен фаворит против Оснабрук според позицијата на табелата, но и според претходните два меѓусебни дуели кои ги добија без примен гол.

Како што домаќините се без пораз годинава, така Оснабрук е без победа во 2020 година, а пред прекинот им се случи дебакл на домашен терен од 6-2 против Вехен, па има шанси тој пораз уште да го гони тимот.

Предлог тип: 1 & 1+ПП (2.15)

 

Гројтер Фурт – Хамбургер СВ (13:30ч)

Дуелот на некогашните прволигаши треба да биде интересен во кој домаќините ќе треба да дадат отпор со цел да му се реваншираат на ХСВ за двата претходни порази во меѓусебните средби. Сепак, Хамбургер е во битка за местото преку кое директно се влегува во елитата, а само триумф ќе им ги одржи шансите во таа трка со Штутгарт.

Пред прекинот и двете екипи држеа турбулентни форми во кои претрпеа по два порази, а Хамбургер има една победа повеќе. Фурт на домашен терен редовно забива, но и често прима гол, така што реално е мрежите да се тресат на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.97)

- Оглас -

Најнови вести